„Биковите“ го одбранија домашниот терен, Мемфис славеше во Минеаполис

Дерби

18/12/2025

11:27

141

Големина на фонт

а а а

Еден ден по НБА Куп финалето, најсилната НБА лига донесе скромна програма од само два натпревари, а на истите видовме половичен ефект на домашните екипи.

Чикаго успеа да го одбрани својот терен и најде решение за Кливленд, со тоа што клучната разлика беше направена во последните 12 минути од послендата четвртина.

„Биковите“ додадоа гас и заиграа доминантно во овој период, па на крајот сосема заслужено извојуваа победа со резултат 127:111.

Најзаслужни за триумфот беа Вајт и Гиди со 25 и 23 поени, додека Мичел постигна 32 поени во поразениот тим.

На вториот натпревар во САД, Мемфис успеа да го освои Минеаполис и славеше против Минесота со 116:110, натпревар на кој посебно се истакна Џексон со дабл-дабл од 28 поени и 12 скокови.