Давиде Анчелоти брзо си најде ангажман откако ја заврши својата авантура во Реал Мадрид, па покрај тоа што прифати да му биде асистент на Карло како помошник во бразилската репрезентација, еден месец подоцна го прифати проектот на Ботафого.
Бразилскиот великан го ангажираше талентираниот италијански стручњак кој насобра големо искуство како асистент на својот татко, но после само пет месеци како предводник на тимот, реши да ја прекине соработката.
Ботафого ја извести јавноста дека е донесено взаемна одлука да дојде до предвремен раскин на договорот кој траеше до декември 2026-та година, заклучок кој е извлечен по разочарувачкиот крај на сезоната.
Младиот Анчелоти повторно ќе има улога на слободен агент кога е во прашање неговиот клупски статус, па останува да видиме дали ќе прифати нов проект, или целосно ќе се насочи на мундијалот кој следи наредново лето.
За Давиде ова беше прва самостојна авантура како прв тренер на еден тим, а на 33 натпревари за Ботафого запиша 15 победи, 8 порази и 10 реми средби.





