Капитенот на Наполи: Не сакаме лотарија, да ја завршиме работата против Милан во 90 минути

Дерби

18/12/2025

11:25

173

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот Суперкуп ќе стартува вечерва со првото полуфинале меѓу Наполи и Милан, а во дуелот на два шампионски тима ќе гледаме и тактичка војна од Антонио Конте и Макс Алегри.

Наполи како актуелен италијански првак сигурно ќе бара прекинување на серијата од два порази во низа, додека Милан влегува со амбиции да го повтори успехот од минатата сезона кога го освои Суперкуп натпреварувањето.

Средбата која се игра во Ријад ќе стартува вечерва во 20:00 часот, а капитенот на Наполи не сака неизвесност и драма која ќе го однесе мечот во неизвесна завршница.

– Влегуваме со позитивни мисли во полуфиналето, без разлика на двата последни порази. Ова е дуго натпреварување и играме за трофеј, планот е да играме отворено и агресивно.

– Не сакаме да се коцкаме и да дојде до пенали. Пеналите се лотарија, сакаме да се пласираме во финалето во регуларниот дел. Тоа е нашата цел за овој натпревар. Знаеме дека Милан е тим за почит со одлични играчи, но мора да се фокусираме на себе и да изгледаме најдобро на теренот, – изјави капитенот Ди Лоренцо.