Поранешниот репрезентативец на Еквадор и фудбалер на Барселона од Гвајакил, Марио Пинеида (33), им подлегна на повредите по нападот на локалните банди.
Полицијата ја потврди смртта на Пинеида без да даде многу детали. Објавено е дека 33-годишниот дефанзивец на Барселона е убиен. Уште едно лице, чиј идентитет полицијата не го откри, исто така е убиено во инцидентот, а трето е рането. Медиумите наведуваат дека станува збор за неговата сопруга и мајка.
Terrible.!!
— Emergencias Ec (@EmergenciasEc) December 17, 2025
Se confirma la muerte del jugador de Barcelona Mario Pineida en un ataque armado afuera de una carnicería en Samanes 4.
El fútbol ecuatoriano está de luto pic.twitter.com/4rvebawAYO
Еквадорските медиуми објавија дека нападот се случил во регионот Саманес на северниот врв на Гвајакил, кој се наоѓа 265 километри југозападно од главниот град Кито.
Пинеида не е првиот фудбалер убиен од куршум. Четири играчи беа убиени оваа година. Со години, државата се бори против криминалните организации кои ги проширија своите операции на територијата на Еквадор во врска со меѓународните нарко-картели.
Марио Пинеида ја започна својата професионална кариера во Индепендиенте дел Вале, каде што играше од 2010 до 2015 година. Потоа, во 2016 година, се пресели во Барселона, со која двапати беше шампион на Еквадор. Исто така, кратко играше во Бразил, за тимот на Флуминенсе (2022), како и за Насионал од Кито (2024).
Одигра девет натпревари за репрезентацијата на Еквадор од 2015 до 2021 година.





