Брансон го разочара Вембењама, Њујорк освои трофеј после 52 години

Дерби

17/12/2025

11:29

155

Големина на фонт

а а а

Најновото издание на НБА Купот полека дојде до својот завршен чин, а во големото финале во кое се соочија Никси и Спарси, на крајот славеа играчите на Њујорк со импресивен пресврт во последната четвртина.

На крајот на третиот период се доби впечаток дека Сан Антонио ги контролира нештата на теренот и дека Вембењама е на пат да ја освои првата титула со трофејната франшиза, но поинакви планови имаа Џејлен Брансон и неговите соиграчи кои победија со 124:113.

Њујорк се врати од „минус 11“ и заигра на завидно ниво, а потоа со 35:19 во завршниот период го сврте мечот во своја користи и освои прва титула по пауза од 52 години.

Ануноби постигна 28 поени во побендичкиот тим, но за МВП беше прогласен извонредниот Брансон кој имаше клучна улога со 25 поени, 4 скокови и 8 асистенции.

На спротивната страна, Вембењама не го криеше разочарувањето по претрпениот пораз, но факт е дека мора да бара причини за истиот и кај самиот себе, бидејќи францускиот „џин“ одигра скромно финале со 18 постигнати поени.