Пех за Интер: Киву остана без важен играч на два или три месеци

Дерби

17/12/2025

11:28

159

Големина на фонт

а а а

Дензел Дамфрис го одигра последниот натпревар за Интер на 9-ти ноември, а иако паузираше повеќе од еден месец и се одлучи за конзервативен третман со цел да го реши хроничниот проблем со зглобот, на крајот испадна дека таквиот алтернативен начин не вродил со плод.

Важниот играч во одбраната на Интер ги пропушти последните седум натпревари, но за жал, Холанѓанецот ќе мора да се помири со подолга пауза и на терените ќе се врати во месец февруари, или март наредната година.

По консултацијата со специјалистите, на крајот било утврдено дека Дамфрис мора да направи операција за да го стабилизира својот проблематичен зглоб, а оперативниот зафат значи дека опоравувањето ќе трае со недели.

Интер во официјалното соопштение за операцијата не објави временска рамка за враќање на терените, но медиумите се советуваа со експертите и пренесоа дека за вакви повреди, опоравувањето трае од два до три месеци.

Тоа значи дека Кристијан Киву ќе мора да се снаоѓа без Дамфрис најмалку до средината на месец февруари, а на негово место повеќе од веројатно ќе продолжи да игра Луис Енрике.