Фан од трибините улови интересен момент: Аморим беснее на клупата поради еден играч на Јунајтед

Дерби

17/12/2025

08:07

352

Големина на фонт

а а а

Возбудливиот натпревар на „Олд Трафорд“ меѓу Манчестер Јунајтед и Борнмут заврши со резултат 4:4, па иако тоа беше супер претстава за сите неутрални фудбалски фанови на Премиер лигата, оние на трибините не уживаа премногу со конечниот епилог.

Јунајтед во три наврати испушташе предност и на крајот мораше да се задоволи со реми и освоен бод, а Рубен Аморим беше првиот кој порача дека е разочаран и фрустриран од исходот.

Менаџерот на Јунајтед нагласи дека лошото бранење како тим придонело Ламенс да ја вади топката од својот гол дури во четири наврати, но во ситуација кога не сакаше да издвојува поединци кои лошо си ја одработиле задачата, во јавноста се појави едно видео од трибината која привлече доста внимание.

Фан од трибината на „Олд Трафорд“ ја уловил нервозната реакција на Аморим за еден играч на Јунајтед, кој во продолжение беше изваден од игра поради лошите реакции во одбрана.

– Топката се тркалаше 30 минути, што ли прави Лени Јоро….., – бесно вика Аморим на еден од своите помошници на португалски јазик, но медиумите брзо ги транскрипираа неговите зборови.