Во оваа земја најчест подарок за вселување е тоалетната хартија: Се носи на пријателите и членовите на семејството, а има посебна симболика

Точка

16/12/2025

16:00

385

Големина на фонт

а а а

Што им носите на пријателите и роднините кога се вселуваат во нов дом? Можеби цвеќе, кујнски апарат што им е потребен, можеби шише добро вино со кое ќе наздрават за нов почеток?

Обичаите се разликуваат од земја до земја, но во една азиска земја се подарува нешто што кај нас би предизвикало големо изненадување. Имено во Јужна Кореја најчест подарок за вселување е тоалетната хартија.

Среќа што се одмотува како хартија од ролната

Прославата на вселувањето се нарекува „jipdeuri“. Како и кај нас, за таа пригода се покануваат родителите и роднините за да го видат новиот дом и заедно да го прослават новиот почеток. Притоа, најчест подарок според пишувањата на повеќе медиуми е тоалетната хартија или детергент. „The Korea Herald“ ја опишува заднината на овој обичај.


Велат дека оној што го дава подарокот, освен што сака да подари нешто корисно што им е потребно на сите, со подарокот порачува и дека им посакува среќа на домаќините, среќа која постојано се продолжува и „одмотува“ како хартија од ролната. Иако тоалетната хартија е нешто што секогаш е потребно и не е преголем проблем ако домаќините добијат „преголема“ резерва од истата, Јужнокорејците понекогаш подаруваат и хартиени пешкири и марамчиња.

Меурчињата од детергентот симболизираат просперитет и стабилност

Што се однесува на детергентот и тој има симболика. Имено меурчињата од детергентот симболизираат просперитет, богатство и стабилност. Средствата за чистење симболизираат среќа и благосостојба за лицето кое штотуку се вселило во нов дом, а поседувањето на основни куќни предмети што можат да се користат со месеци се сметаат за корисни подароци за луѓето кои штотуку се вселиле во нов дом. Страницата „Ubbito“ тврди дека оваа навика настанала и поради практичната страна. Во минатото некои од овие производи биле релативно скапи или недостапни, па гестот бил добредојдена помош во ново домаќинство.


Може да се подаруваат и шишиња пијалаци и цвеќе, но не се толку вообичаени

Покрај подароците што се невообичаени во нашиот регион, шише алкохолен пијалак или цвеќе се исто така прифатливи подароци и во Јужна Кореја. Само што тие не се толку вообичаени како тоалетната хартијата и детергентот, но ако ги подарите нема да се посрамотите.


Јужна Кореја: држава на невообичаени обичаи

Невообичаените подароци за вселување не се единственото нешто што ги изненадува туристите и луѓето од западните земји. Јужна Кореја ги има едниот од најкомплицираните јазици во светот и доколку не ги усвоите нивните правила и обичаи можете некого да навредите дури и со најобичен и позитивен збор како што е „благодарам“. Имено, во корејскиот јазик постојат десетина различни начини за кажување благодарам, кои се употребуваат во зависност од ситуацијата и односот меѓу соговорниците.


Доколку се запознавате со некого многу брзо ќе ве прашаат за вашата возраст или годиште. Отворените разговори за годините не се само општествен обичај туку у неизговорен „социјален договор“ со кој се воспоставува ред и хиерархија меѓу учесниците во разговорот. Дури и разликата од една година може да го диктира начинот на меѓусебна комуникација, но и бонтонот ако заедно јадат и пијат.