Венгер: Се поставува погрешно прашање за шампионската потера на Арсенал

Дерби

16/12/2025

13:27

158

Големина на фонт

а а а

Арсен Венгер од стартот на сезоната уверува дека Арсенал е подготвен да стави крај на дводецениската пауза без освоен трофеј во Премиер лигата, а таквото мислење го повторува и во период кога Манчестер Сити се приближи на табелата.

Трката за титулата е доста возбудлива во овој претпразничен период и Арсенал не изгледа толку доминантно како пред неколку седмици, но тоа не внесува никаков немир кај Венгер, кој смета дека се поставува погрешно прашање кога се зборува за шампионските амбиции на Арсенал во домашното првенство.

– Дали Арсенал ќе ја освои титулата? Не е прашањето дали, туку кога. Ние ќе ја освоиме титулата оваа сезона, а само прашање е на време кога ќе го потврдиме тоа. Многу сум самоуверен на оваа тема, сигурен сум дека ќе славиме.

– Имаме многу добро избалансиран тим, а има и одличен однос од сите кои се на теренот. Офанзивно имаме голем потенција, а дефанзивно сме навистина цврсти и стабилни. Арсенал е добро покриен на секоја позиција, има по двајца играчи за една позиција, а на некои позиции и по тројца фудбалери, – вели Венгер во интервјуто за фан телевизијата на Арсенал (АФТВ).

– Имам доста ограничено време и исполнет распоред, но мојот план е да се појавам на шампионската прослава кога ќе дојде време за тоа, – заврши Арсен.