Рајо Валјекано и Реал Бетис одиграа разочарувачки 0:0 во натпревар во кој имаше шанси на двете страни, но во дуел во кој мрежите мируваа, Ла Лига издвои неколку технички потези кои го одбележаа мечот.
Антони игра во извонредна форма во шпанската Ла Лига и многу брзо се претвори во клучен фактор за Бетис, па покрај тоа што редовно е задолжен за постигнување голови, се почесто му успеваат и триковите кои не му успеваа во Премиер лигата.
Ла Лига издвои еден дриблинг деликатес на Антони од првиот дел од натпреварот со Рајо Валјекано, а во дадената ситуација, Бразилецот одигра максимално релаксирано и елегантно во ситуација кога беше опкружен од тројца фудбалери.
Шпанското фудбалско првенство го оцени моментот како „Самба момент“, па видеото брзо стана и вирално на социјалните мрежи.
Антони дефинитивно игра со многу поголема самодоверба како фудбалер на Бетис, а потврда за тоа се неговите партии, но и статистиката која вели дека има осум погодоци и 4 асистенции зад своето име од стартот на сезоната.







