Јокиќ и Шенгун имаа трипл-дабл пресметка на паркетот, но на крајот главната разлика ја направи Џамал

Дерби

16/12/2025

12:53

128

Големина на фонт

а а а

Кошаркарската пресметка меѓу Денвер и Хјустон донесе вистински спектакл во Колорадо, а на крајот повеќе среќа и повеќе нерви имаа Нагетси кои славеа по продолжението.

Во фокусот секако беа Никола Јокиќ и Алперен Шенгун како предводници на двата тима, па нивната трипл-дабл пресметка донесе и трет јунак на паркетот.

Србинот го заврши мечот со 12-ти трипл-дабл оваа сезона и имаше учинок од 39 поени, 15 скокови и 10 асистенции, додека извонредниот Турчин одговори со 33 поени, 10 скокови и 10 асистенции.

Наптпреварот беше исклучително израмнет и ниту еден тим немаше двоцифрена предност во текот на сите 48 минути, а мораше да се играат дополнителни минути бидејќи конечниот резултат во регуларниот дел гласеше 117:117.

Во дополнителните минути, Џамал Мареј го украде шоуто и беше клучен фактор за победата на Денвер, бидејќи постигна шест од вкупно единаесет поени на својот тим.

Мареј го заврши натпреварот со 35 поени зад своето име, а Денвер на крајот славеше со 128:125. Победа по продолжение оставри и Јута над Далас со резултат 140:133, а рано утрово во НБА лигата се одиграа уште три натпревари:

Бостон – Детроит 105:112

Мајами – Торонто 96:106

ЛA Клиперс – Мемфис 103:121