Рома е убедливо најдобра во еден сегмент во Серија А, Гасперини презадоволен: Тоа е нашата силна страна

Дерби

16/12/2025

12:51

123

Големина на фонт

а а а

Рома одигра уште еден натпревар без многу голови во Серија А, но повторно беше доволен „минималец“ за да се запише победа и да се освојат три бода на „Олимпико“.

Комо беше навистина голем предизвик за „волчицата“ со оглед на играта која ја демонстрираше тимот на Сеск Фабрегас, но Рома беше подобра во текот на целиот натпревар и заслужено славеше со 1:0.

Зачуваната „чиста мрежа“ само потврди дека Рома е убедливо најдобар тим во одбрана до оваа фаза од сезоната, а за тоа сведочат и бројките кои велат дека тимот од Рим прими само осум гола на 15 одиграни средби.

– Солидни сме во одбрана од стартот на сезоната, па дури и кога губиме, тоа се тесни натпревари. Добриот баланс и цврстата игра во одбрана прераснува во наша карактеристика и наша најсилна страна.

– Ако тоа веќе е очигледно, во последно време создаваме и се повеќе шанси во нападот, се движиме подобро и значително се подобруваме и во тој сегмент. Бевме многу поопасни од Комо, подобро го контролиравме мечот и можевме да победиме се повеќе голови разлика. Сè уште ни недостасува нешто во завршницата, но тимот го одигра можеби и најдобриот натпревар откако сум јас тука, – изјави Гасперини откако ја доби тактичката битка со амбициозниот Фабрегас.