По информациите кои ги дознаваме, Gold Felicia Тетово подготвува спектакуларен дочек на Новата година, а централна фигура на новогодишната ноќ ќе биде Дарко Гроздановски. Поради големиот интерес за неговите настапи, менаџментот на Gold Felicia Тетово одлучи токму тој да ја предводи забавата за дочекот на 2026 година.
Според најавите, новогодишната ноќ во Gold Felicia Тетово ќе биде во знакот на динамична забава, силна музичка енергија и атмосфера која се подготвува со особено внимание, со цел да се понуди поинакво и поквалитетно искуство за публиката.

Покрај музичката програма, како што дознаваме, значаен дел од концептот ќе биде и ексклузивното новогодишно мени, подготвено специјално за оваа вечер. Станува збор за внимателно селектирана гастрономска понуда, која ја позиционира Gold Felicia како место каде празничната забава се надополнува со врвна кујна и високо ниво на услуга.
Со ваков концепт, Gold Felicia Тетово има амбиција новогодишната ноќ да ја претвори во вистински настан за кој ќе се зборува, комбинирајќи музика, гастрономија и елегантна празнична атмосфера.
📲 Инфо и резервации: +389 77 865 865.
Комерцијален текст







