Херојот на плажата Бонди се опоравува од прострелните рани во болница

Макфакс

15/12/2025

11:47

244

Големина на фонт

а а а

Ахмед Ал Ахмед е фотографиран во болница како се опоравува од прострелните рани што ги добил за време на нападот. 43-годишниот татко на две девојчиња се сретнал со премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, во понеделник, кој го нарекол „херој од вистинскиот живот“.

Минс рекол дека неговата извонредна храброст, со голем личен ризик, спасила непознат број животи.

Ahmed is a real-life hero. Last night, his incredible bravery no doubt saved countless lives when he disarmed a...

Posted by Chris Minns on Monday, December 15, 2025

Според неговите родители, Ахмед бил застрелан повеќе пати во рамото и сè уште е во болница, објави ABC.

Ахмед Ал Ахмед совлада еден од напаѓачите за време на нападот и му го зеде оружјето. На видеото кое се прошири на интернет го прикажува 43-годишниот сопственик на продавница за овошје Ахмед како трча кон напаѓачот и му го грабнува оружјето. Откако му го зел оружјето, тој го насочил кон него, принудувајќи го да се повлече.

Американски милијардер донира речиси 100.000 долари за херојот од Бонди Бич

Американски милијардер донираше речиси 100.000 долари – максималниот износ дозволен за онлајн донација – на човекот наречен „херојот на плажата Бонди“. Донацијата изнесува 99.999 долари, што е околу 85.000 евра.