На плажата Бонди во Сиднеј се случи пукaње, во кое, според последните информации, 12 лица се убиени, а 29 се повредени.
Светските медиуми објавуваат видео од социјалните мрежи на кое се гледа како минувач совладува и разоружува еден од напаѓачите.
Видео објавено на социјалните мрежи, според „Гардијан“, покажува како минувач го соборува на земја еден од напаѓачите на плажата Бонди и му ја грабнува пушката.
Пукањето официјално беше прогласено за терористички чин.
Еден вооружен напаѓач е исто така убиен, а вториот осомничен е во критична состојба, соопшти полицијата.
На плажата се одржувал настан по повод почетокот на Ханука, еврејскиот празник на светлината, на кој присуствувале повеќе од 1.000 луѓе, соопшти полицијата.







