Во пукањето што се случи за време на прославата на еврејскиот празник Ханука на плажата Бондај во Сиднеј, убиени се најмалку 10 лица, а 60 се повредени, додека околу 2000 луѓе побегнале од плажата.
Настанал хаос меѓу собраните
Вооружени напаѓачи утрово отвориле оган за време на одбележувањето на Ханука на плажата Бондај, што предизвикало сцени на паника, додека посетителите бегале од местото на настанот. Според наводите на локалните медиуми, напаѓачите избегале, а властите започнале обемна потрага.
Според снимки објавени на социјалните мрежи, напаѓачите биле уапсени или неутрализирани, што сè уште официјално не е потврдено.
Голем собир на еврејската заедница
Телевизијата „Sky News“ објави дека на настанот се собрале околу 2000 припадници на еврејската заедница, а прославата се одржувала во вечерните часови по локално време.
Во моментот кога еден од лидерите на заедницата им се обраќал на присутните, настанал хаос и луѓето почнале да бегаат. Подоцна било потврдено дека паниката била предизвикана од пукањето.
Over 2,000 members of the Jewish community held a Hanukkah celebration at Bondi Beach, Australia.
— Vivid.🇮🇱 (@VividProwess) December 14, 2025
Two men armed with guns opened fire on the crowd in a mass shooting.
This is a terror attack.
pic.twitter.com/JjJ7X64J3f
Најавено обраќање на политичарката Слоан
Лидерката на опозицијата Кели Слоан била најавена како говорник на настанот, но до нејзиното обраќање не дошло поради инцидентот.
Една припадничка на еврејската заедница во Австралија, која била на пат кон прославата, го споделила своето искуство.
„Настана масовна паника. Ова е настан што го организира „Чабад“, главно наменет за родители со мали деца. Колку што разбрав, завладеал голем страв. Сите нè потиснаа подалеку долж плажата од безбедносни причини. Австралијците не се навикнати на вакви настани, па сега се обидувам да ја смирам пријателката која била во близина, но не е повредена.
Истрагата е во тек
Ситуацијата и понатаму се развива, а сè повеќе извештаи говорат за загинати и ранети.
Локалните власти сè уште не го потврдиле точниот број на жртви, додека полицијата апелира до граѓаните да го избегнуваат подрачјето додека трае истрагата. Дополнителни информации ќе бидат објавени како што ќе се појавуваат нови детали.














