Со вклучени ротации им го пресекле патот, па ги нападнале – четворица приведени на автопатот Гостивар–Тетово

Макфакс

13/12/2025

15:00

308

Големина на фонт

а а а

Четири лица од селото Боговиње се приведени по пријава за физички напад на автопатот Гостивар –Тетово.

Како што информираат од СВР Тетово, на 13 декември 2025 година околу 02:00 часот биле приведени Б.Ш. (24), И.И. (28), А.И. (27) и Ф.И. (24), сите од селото Боговиње, тетовско.

Претходно, во СВР Тетово била пријавена случка што се случила околу 01:00 часот на автопатот Гостивар–Тетово, во близина на клучката Камењане. Според пријавата, додека А.А. (28) од село Пирок управувал патничко возило „БМВ“ со швајцарски национални ознаки, во кое како совозач бил Р.Ј. (28) од истото село, зад нив се движело патничко возило „пасат“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од И.И. од Боговиње.

Возачот на „пасатот“ им вклучил светлосни ротации, ги престигнал и им го пресекол патот, по што од возилото излегле приведените лица и физички ги нападнале А.А. и Р.Ј.

Од СВР Тетово соопштуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.