Двајца млади скопјани најдени починати – едниот во напуштена куќа во Центар, другиот во дом на пријател во Кисела Вода

Макфакс

12/12/2025

14:55

401

Големина на фонт

а а а

Двајца скопјани на возраст од 25 и 36 години биле пронајдени починати во текот на изминатото деноноќие.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, околу 20 минути по полноќ, во напуштена куќа на подрачјето на Центар бил пронајден починат Е.Р. (25) од Скопје.

Во текот на вчерашниот ден во полицијата било пријавено и дека во дом на негов пријател на подрачјето на Кисела Вода во Скопје бил пронајден починат Б.П. (36) од Скопје.

Во двата случаи, според констатацијата на лекар од Итната медицинска помош, не биле утврдени видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција. Засега нема дополнителни информации за околностите под кои настапила смртта.