[ФОТО] Купил јакна од „Second hand“ продавница, а во џебот нашол мало богатство: „Ја добил на подарок не знаејќи дека баба му нешто скрила внатре“

Точка

12/12/2025

08:20

1.149

Големина на фонт

а а а

Секој ловец на „second hand“ богатство сонува за оној момент меѓу полиците да најде предмет којшто е вреден големо богатство.

Но, тоа ретко се случува. Сепак, на еден Американец му се случил еден таков џекпот и тоа целосно случајно.

Имено, на „Редит“ тој раскажал како во една продавница забележал една нова јакна со етикета. Совршена за замена за стара, помислил тој. Сепак, вистинскиот шок следел кога стигнал дома.

„Ја ставив раката во џебот и допрев пари. Извлекол однатре околу 500 долари“, напишал тој возбудено поради тоа што не очекувал да најде мало богатство: „Ова е најдобриот лов на „second hand“ некогаш“, заклучил тој.


Коментари

Неговата објава предизвикала лавина коментари.

„Некој ова го добил за подарок не знаејќи дека неговата баба внатре скрила пари“, напишал некој корисник, а друг тврдел дека во книга купена за 2 долари нашол над 2.000 долари и порака на покојната сопственичка:

„Сакам ова да му помогне некому кому му треба“.

Трета личност споделила урнебесна анегдота: неговата мајка купила елегантен куфер, а внатре: танга, секси костим на медицинска сестра и други работи... „Се смеевме до солзи“, напишала корисничката.


Сепак, најлудата приказна доаѓа од поранешен вработен во продавница за „second hand“:

„Зашиени во раб на стари завеси најдовме околу 40 илјади евра. Ги поделивме меѓу вработените“.

Вработените во ваквите продавници велат дека заборавените пари и лични работи не се реткост. Луѓето подаруваат облека и предмети не празнејќи ги џебовите, книгите и скриените места.