Спалети: Одигравме срамно во првото полувреме…

Дерби

11/12/2025

11:59

169

Големина на фонт

а а а

Јувентус успеа со два гола во второто полувреме да ја оправда фаворитската улога во пресметката со Пафос во Лигата на шампионите.

Калчолигашот посакуваше да ги освои трите бода, цел која ја оствари откако се крена по паузата и со головите на МекКени и Дејвид дојде до вториот триумф во шестиот меч во групната фаза.

- Беше фундаментално да ја оствариме победата, па со победа многу работи изгледаат подобро, - започна Лучијано Спалети.

- Анализирајќи го натпреварот, секако дека треба да направиме повеќе, не сме задоволни, момците не се задоволни од себе, понекогаш го направивме минимумот. Некои ситуации во првото полувреме беа искрено срамни. Се опуштивме малку по паузата и бевме посмирени со топката при донесувањето на тие одлуки, - додаде стратегот кој се надева дека во иднина ќе може да игра со посакуваната формација 4-2-3-1.

- Тоа е фер, се надевам дека ќе стигнам до таму кога ќе имам централен дефанзивец кој може да игра со десна нога, во спротивно е премногу ограничувачко за нас да играме одзади само лево. Имаме и двајца импровизирани бекови, но сакам да ја развијам оваа формација 4-2-3-1 во иднина, - заклучи тренерот.