Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа

Макфакс

10/12/2025

11:52

157

Големина на фонт

а а а

Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа, по ескалацијата на граничните судири меѓу двете азиски земји, објавија локалните медиуми во Камбоџа.

Камбоџанскиот весник „Кмер тајмс“, повикувајќи се на Министерството за одбрана, објави дека авиони Ф-16 фрлиле најмалку две бомби врз села во покраината Минчи, на границата со Тајланд. Нема веднаш извештаи за жртви.

Медиумот пренесува дека тајландските авиони летале уште над неколку други подрачја во Камбоџа, покрај копнените и морските напади за кои нема повеќе информации. Тајланд се уште не го коментираше соопштението.

Претседателот на Сенатот на Камбоџа и долгогодишен шеф на земјата Хун Сен изрази загриженост, но ја пофали војската бидејќи „храбри и цврсто се одбранила“, пишува „Кмер тајмс“.