Со дуелот меѓу Вулверрхемптон и Манчестер Јунајтед кој очекувано заврши со победа на гостите (4-1) беше комплетирано 15. коло во англиската Премиер лига.
Ова беше рунда во која Арсенал за прв пат падна од месец август, Ливерпул и Челси не победија, но сигурни пред своите гледачи беа Манчестер Сити и Њукасл.
Трој Дини како стручен аналитичар за „Би-Би-Си“ ги избра најдобрите за рундата што е зад нас, а интересно е тоа што во тимот има 11 играчи и сите се од различни клубови.
Вербруген од Брајтон е на голот, одбраната ја сочинуваат Кеш од Астон Вила, Геји од Кристал Палас и Сенеси од Борнмут, потоа пред нив се Гимараеш од Њукасл, Штах од Лидс и Дузбери-Хол од Евертон, на страничните позиции се Шерки и Симонс, додека Фернадеш е зад најистурениот Екитике од Ливерпул.







