Интер вечерва е домаќин на Ливерпул во дерби натпреварот од шестото коло во групната фаза на Лигата на шампионите.
Калчолигашот е во подобра форма, ритам во овој момент, премиерлигашот од друга страна пак си има свои проблеми, најновиот е Салах, тука се и повредите и ова носи многу дилеми за „црвените“ пред мечот закажан за 21 часот.
Домаќините ја имаат улогата на благи фаворити, па иако многумина порачуваат дека можеби ова е идеално време за Интер да се соочи со англискиот првак, напаѓачот Маркус Тирам е доста внимателен.
- Не мислам така, секој натпревар е индивидуална епизода. Ќе играме против силен тим со многу шампиони во нивниот состав. Сите велат дека е вистинско време да се соочиме со Ливерпул, но можеби не е. Ќе се соочиме со одличен тим и ќе се обидеме да го направиме нашето. Ќе видиме, - истакна Маркус кој запрашан за тоа дали тие можат да го добијат Ливерпул како Баерн Минхен и Барселона минатата сезона, Французинот одговори:
- Не знам, тие беа понапред во натпреварувањето и затоа беа поодлучувачки. „Сан Сиро“ ќе биде возбуден како и секогаш, но можеби не со истата атмосфера, - заврши напаѓачот.






