„Џокерот“ на Милан кој не требаше да игра против Торино: Бев мртов пред два дена, но морав да му помогнам на тимот

Дерби

09/12/2025

08:02

605

Големина на фонт

а а а

Милан продолжи со импресивната серија без пораз во Серија А и остана на оној почетен неуспех со Кремонезе во првото коло, иако гостувањето во Торино не почна воопшто добро за избраниците на Макс Алегри.

По 17 минути игра се доби впечаток дека Милан е на добар пат да претрпи втор пораз во сезоната во домашното првенство, но двата погодоци на Торино не го поткопаа духот кај „росонерите“, кои брзо се разбудија со ремек-делото на Адриен Рабио.

Французинот го врати Милан во игра со проектил од 30-тина метри, а во вториот дел, Алегри во игра го внесе „џокерот“ кој воопшто не беше предвиден за овој дуел.

Кристијан Пулишич поради болест беше неизвесен за настап до вчера наутро, но во последен момент се опорави од потешкотиите и отпатува на гостувањето како резервна опција.

Иако Алегри најави дека нема да ризикува, сепак му даде шанса во вториот дел, а Пулишич со два гола се погрижи за пресврт и донесе голема победа за Милан.

– Пред два дена бев мртов во кревет и не можев да мрднам од температура, но денеска се чувствував подобро и дојдов тука за да му помогнам на тимот. Не знаев дали ќе играм, но утрото бев далеку подобар. Многу сум посреќен за победата, отколку за двата потстигнати гола, – изјави Американецот.