[ВИДЕО] Пронајдени и запленети 62 пакувања со марихуана при претрес на возило во струшко

Макфакс

08/12/2025

14:21

153

Големина на фонт

а а а

Денеска во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга- Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници, од слобода го лишија А.Т.(46) од Поградец, Република Албанија.

При преглед извршен во патничко возило „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се три торби со 62 паковки со марихуана.

Известен е јавен обвинител, дрогата е одземена, а А.Т. е задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.