Унгарците секогаш го користат овој трик кога сакаат да добијат совршени пржени лепчиња – вкусни, сочни и неодоливи

Точка

06/12/2025

14:25

937

Големина на фонт

а а а

Унгарските пржени лепчиња уште на прво залче откриваат зошто се толку посебни. Иако изгледаат едноставно, една состојка која Унгарците ја користат ги претвора во појадок којшто е навистина превкусен.

Токму тој мал трик ги прави многу повкусни и посочни од традиционалните.

Состојки:

- 20 парчиња стар леб;
- Топено сирење;
- 300 грама рендано сирење (тоа е тајната состојка);
- 300 милилитри млеко;
- 100 грама брашно;
- 4 јајца;
- Масло за пржење.


Подготовка:

Во подлабок сад ставете го млекото, во друг изматете ги јајцата. Брашното ставете го во трет сад, а ренданото сирење во четврти сад. Секое парче леб само кратко потопете го во млекото, па процедете го.

На едно лепче ставете малку од сирењето па поклопете со друго како сендвич. Така подготвените лепчиња прво извалкајте ги во брашно, потоа во јајце, па ставете ги во садот со ренданото сирење и додадете уште малку сирење одгоре.

Во тава загрејте масло за јадење и пржете додека не заруменат. Потоа ставете ги на хартија за да се процедат.

Важно правило

Пржените лепчиња се подготвуваат едно по едно. Ги потопувате во млеко, преклопувате, валкате во брашно и јајце, додавате сирење, па ги ставате во тава. Така подготвените пржени лепчиња почнуваат да се пржат. Немојте да правите сѐ одеднаш и да оставите лепчињата да стојат – лебот ќе омекне, ќе го „испие“ цело масло и лесно ќе се распаднат во текот на пржењето.