Најевтиниот „Tesla Model 3“ во Европа: Што велите за цената?

Точка

05/12/2025

12:58

620

Големина на фонт

а а а

„Tesla Model 3 Standard“ од денес официјално е пуштен во продажба во Европа, а во Германија се нуди по почетна цена од 36.990 евра.

„Model 3 Standard“ со едно полнење може да помине 534 километри, максималната брзина изнесува 201 km/h, а забрзувањето до 100 km/h трае 6,2 секунди.

Покрај него, во понудата е и „Model 3 Premium“ (Maximum Range RWD), кој по цена од 44.990 евра нуди поголема батерија, максимален домет од 750 километри со едно полнење и забрзување до 100 km/h за 5,2 секунди, пренесува германскиот портал „Electrive“.


„Tesla“ во ноември забележа голем пад на регистрациите во Европа, што според аналитичарите е последица на засилената конкуренција од Кина и политичките контроверзии околу сопственикот на „Tesla“, Илон Маск.

Регистрациите во Франција паднале за 58 проценти на годишно ниво – на 1.593 возила, во Шведска за 59 проценти – на 1.466, а во Данска за 49 проценти – на 534 автомобили, покажуваат официјалните податоци за ноември пренесени од "CNBC".


Аналитичарите оценуваат дека „Tesla“ ја губи предноста на пазарот поради сè посилната конкуренција, особено од кинеските производители, како и поради ограничениот и застарен портфолио на модели.