Рускиот лидер Владимир Путин во моментов нема закажан телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, но тој лесно може да се договори доколку е потребно, изјави денес помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.
„Не, телефонски разговор меѓу Путин и Трамп сè уште не е планиран“, одговори Ушаков за агенцијата ТАСС.
„Гледате, сето ова е многу лесно да се организира. Само сетете се како беше организиран самиот Анкориџ – за три дена, и сите се согласија за тоа. Штом ќе се исполнат условите претседателите да контактираат меѓусебно, или по телефон или лично, сè ќе биде направено доста брзо“, објасни Ушаков, пренесува Танјуг.







