Вкупната стапка на сиромаштија во ЕУ засега е 17,4 отсто, што значи дека двајца од десет луѓе имаат проблем да се изборат со трошоците за живот.
Стапката на сиромаштија ширум Европа опаѓа, но не секаде. Франција е една од европските земји во кои нивото на сиромаштија се зголемило во текот на изминатите децении.

Според најновите податоци на „Eurostat“, Париз пријавил зголемување од речиси 2 отсто во однос на 2014 година кога станува збор за оние кои поминуваат низ „тешкотии“ или „одвај спојуваат крај со крај“.
Покрај Франција, стапката на сиромаштија во последните 10 години се зголемила и на север од Европа – Данска 2,4 отсто, Финска 2 отсто, Шведска 2,8 отсто, како и Норвешка 4,7 отсто.
Кои земји најмногу ја намалиле стапката на сиромаштија?
Истовремено, многу од државите на источна и југоисточна Европа ја намалиле стапката на сиромаштија, а Кипар е предводник со 38 отсто, следат Хрватска со 34,6 отсто, Унгарија со 26,8 отсто, Бугарија со 26,5 отсто и Романија со 21,8 отсто.
Вкупната стапка на сиромаштија во ЕУ сега изнесува 17,4 отсто што значи дека двајца од десет луѓе имаат проблем да се изборат со трошоците на животот.
Тоа сепак е подобрување во однос на 2023 година кога стапката била 19,1 отсто.

Од друга страна во одредени држави бројките се значајно поголеми. Во Грција стапката на сиромаштија е речиси 67 отсто, највисока во Европа.
Кога ќе се погледне старосната граница, најмногу се мачат младите генерации. Стапката на сиромаштија меѓу младите од 18 години е 20,6 отсто, а во групата на постари од 65 години забележана е стапка од 14,9 отсто.











