Уапсена 24-годишна девојка во Тетовско: возела пијана и предизвикала сообраќајна незгода

Макфакс

03/12/2025

11:53

145

Големина на фонт

а а а

Вчера во 10:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ја лишија од слобода 24-годишната Џ.А. од селото Ново Село, општина Боговиње.

Претходно, таа со нејзиното патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски таблички, кое го управувала, удрила во паркирано возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски таблици, паркирано од В.У.(23) од Тетово. При преземање мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против неa ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.