13 лица уапсени во врска со смртоносниот пожар во Хонгконг

Макфакс

01/12/2025

16:29

108

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Хонгконг уапси 13 лица како дел од истрагата за пожар во станбен комплекс во кој загинаа најмалку 151 лице, објави кинеската државна новинска агенција „Ксинхуа“, повикувајќи се на локалните власти.

Во извештајот се наведува дека седум од 20 примероци од материјалот на зградата, кои беа собрани од изгорените облакодери, не ги исполнуваа стандардите за отпорност на пожар.

„Ксинхуа“ додава дека полицијата продолжува да ја истражува несреќата.

Пожар зафати осум облакодери во Хонгконг во средата, 26 ноември.