Легендарната актерка Џуди Денч (90) која ја започна својата кариера во 1957 година како Офелија во „Хамлет“, а се прослави со улогата на М во филмовите за Џејмс Бонд, се соочува со сериозен здравствен проблем што ја спречува да работи.
Актерката откри дека нејзиниот вид значително се влошил неодамна и дека „веќе не може никого да препознае“, а сето тоа поради напредна макуларна дегенерација поврзана со стареење.
Таа зборувала за својата здравствена состојба во интервју заедно со долгогодишниот пријател, актерот Иан Мекелен. Актерката ја опиша големата промена во нејзиниот секојдневен живот, истакнувајќи дека може да види нејасни контури, но не и детали на лицето, дури и кога гледа директно во некого.
„Веќе не можам да читам. Не можам да гледам телевизија. Не можам да препознаам кој стои пред мене. Можам да гледам контури“, рекла таа.
Денч првпат ја откри својата дијагноза во 2012 година, а потоа постепено се повлече од театарските и филмските улоги како што нејзиниот вид се влошуваше. Претходно, таа се потпираше на речиси фотографска меморија на сценарија, но сега мора да чита реплики на глас. Сепак, дури и тој метод станува сè потежок за неа, бидејќи губењето на видот се забрзува.
Актерката оваа болест, која може да биде наследна, ѝ е дијагностицирана уште во 2012 година, а од слична состојба страдала и нејзината мајка.
Порано оваа година, во подкастот „Fearless“, открила дека поради влошување на видот повеќе не може сама да излегува од дома. „Секогаш некој ќе биде со мене“, споделила таа. „Сега морам така да живеам затоа што не гледам и ќе налетам на нешто или ќе паднам.“
Признала и дека секогаш е нервозна пред излегувања: „Воопшто не сум добра во тоа. Воопшто.“
„Повеќе никого не можам да препознаам“
Во неодамнешно интервју за „ITV News“, Денч дополнително ја појаснила својата состојба.
Макуларната дегенерација е една од водечките причини за сериозно губење на видот кај постарите возрасни лица, без лек и ограничени опции за третман откако видот значително ќе се влоши.
И покрај нејзината тешка борба, Џуди продолжи да работи на ограничен начин. Иако работите наскоро може да станат уште потешки, актерката останува карактеристично приземјена. Таа е благодарна за својата мрежа на поддршка и одбива да ја гледа својата состојба како причина целосно да се повлече од јавноста.












