Капело има нова позиција за ѕвездата на Арсенал, Калафиори му одговори: Сакам…

Дерби

27/11/2025

14:44

259

Големина на фонт

а а а

Рикардо Калафиори иако влезе од клупата одигра значајна улога во победата на Арсенал над Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Италијанецот само што стапна на зелениот тепих забележа асистенција за погодокот на Мадуеке за 2-1, а до крајот стрелаше и Мартинели за конечни 3-1.

Токму Калафиори беше гостин на „Скај Спорт Италија“ и имаше интересен разговор со Фабио Капело. Капело го спореди сонародникот со Серхио Рамос.

- Да, единственото нешто е што Серхио Рамос играше десно, имаше одличен квалитет, притискаше добро и се подобри, - рече Капело.

- Да, тоа е единствената разлика, - одговори играчот на Арсенал со насмевка.

Капело смета дека Калафиори би можел да има сосема друга улога во италијанската репрезентација.

- Би сакал да го видам пред одбраната во репрезентацијата. Како Десаи, но со поголем квалитет. Имам ваква идеја.

- Сакам да пробам сè, но полека со споредбите“, одговори дефанзивецот на Арсенал, но Капело инсистираше:

- Ако ти велам така, тоа е затоа што гледам нешто…“

- Не, секако. Господинот знае нешто за фудбалот.