Познати се приоритетите на Јунајтед за 2026 година: Премиерлигашот ќе се засили на две позиции

Дерби

27/11/2025

13:51

214

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед во оваа сезона нема обврски во европските купови и токму поради тоа максимално е посветен и насочен кон Премиер лигата каде ќе се обиде да оствари што повисок пласман, место во Лигата на шампионите или Лига Европа.

Во исто време клубот размислува за потезите, потенцијалните засилувања во 2026 година без разлика дали тоа би биле во зимскиот или летниот преоден рок, па според „ЕСПН“ поставени се и приоритети.

Премиерлигашот сака да ја засили средината на теренот и ќе донесе најмалку еден квалитетен играч. Повеќе имиња се во игра Елиот Андерсон, Адам Вортон, Карлос Балеба, Жоао Гомеш, Андре, Анџело Штилер, Конор Галагер…

Исто така планот е да се доведат и винг-бек играчи, фудбалери кои и тоа како му се потребни за играта и формацијата која ја практикува Рубен Аморим.

Во клубот од Манчестер веруваат дека конечно ќе се ослободат, откачат од некои играчи како Рашфорд, Санчно…и тие средства ќе помогнат пред се да се нападне пазарот на лето иако не е исклучено да има некоја активност и во јануари.