Блескајте со вашиот #скрозјас моден стил за време на веселите празнични денови исполнети со многу изненадувања !

Точка

27/11/2025

13:18

156

Големина на фонт

а а а

Во ноември сите вредно работевме, вежбавме во теретана и се релаксиравме во мирните есенските денови со топло чајче, салеп со цимет или со чаша црвено вино.

Во декември, приказната е друга - празничната магија и еуфорија веќе ја намирисавме во воздухот, а за само неколку дена и ќе ја почувствуваме со нејзината топлина и блесок. Време е да се опуштите, да се дотерате и да ги прославите сите мали и големи победи кои ги извојувавте годинава! Ајде да видиме од каде да започнете со подготвување за најубавиот дел од годината со вашиот новогодишен моден погодок !

Новогодишен моден стајлинг за девојки со незапирлив дух

Животот ви е еден, па затоа не се срамете да го облечете вашиот најсветкав фустан или вашата највпечатлива комбинација која сè уште не видела ден надвор од вашиот плакар. Оваа есен-зима истакнете ја вашата силуета со чипкани комбинации, кожни здолништа, долги фустани и материјали што нежно и заводливо ја следат вашата фигура. Свилените кошули со широки и лелеави ракави се повторно во тренд, особено во нијанси на бургунди, зелена пистачио боја, прљаво жолта и невестинско бела боја. Експериментирајте со стилови, играјте си со модни додатоци, шалови, капи, наметки... Оставете ги сите грижи зад себе и блеснете како вистинска холивудска ѕвезда!


Нашминкајте се со највеселите и најсветкавите нијанси од палетата со сенки за очи на Catrice, или пак истакнете го вашиот поглед со smokey сенка и туш за очи. Кога ќе завршите со вашиот make-up ритуал, облечете ги омилените штикли, пуштете ја најзабавната песна и танцувајте низ секој ден од декември сè додека не ја дочекате 2026-та со насмевка и огномет во очите. Одморете ден два, па продолжете со исто темпо и во новата година... Вашиот дух е незапирлив, ослободете го вашето вистинско #скрозјас и дозволете му да заблеска каде и да сте.

Покрај беспрекорниот fashion изглед и специјално одбраните модни парчиња, овој месец, изненадете се и со trend !t up Advent календарот „Beauty-full Christmas“ кој ви носи 24 секојдневни мини изненадувања. Нов ден, ново поклонче за зимски денови исполнети со многу beauty изненадувања, шминка, нега за вашето лице и тело, како и многу други алатки за убавина кои ќе ви го олеснат и разубават зимското секојдневие. Пропрскајте се и со омилениот парфем и спремна сте за дружба со вашите пријатели и парадирање по урбаните локали низ вашиот град.


Вашиот dm, како и секоја година ви ги спреми најубавите beauty и козметички изненадувања - нанесете од trend !t up Gleamy Glam Topping Flakes кој дава фин ефект на усните, веѓите или на образите, доволно суптилен за преку ден, а совршено блескав за вечерни излегувања. За да ја дополните вашата празнична бајка, домот нека ви виде исполнет со шарени лампиони, светкави украси и безброј насмевки – сезоната на мали изненадувања може да започне!


Комерцијален текст