Интер доживеа пораз од Атлетико Мадрид со 2-1 во еден од дерби натпреварите од петтата рунда од групната фаза на Лигата на шампионите.
Калчолигашот влезе во овој дуел со перфектен учиник и цел да остана непоразен и на „Метрополитано“, меѓутоа не успеа да го издржи завршниот напад на домаќините и на крајот со гол во 93 минута го доживеа првиот неуспех во европското натпреварување.
Тренерот Кристијан Киву веднаш направи првична анализа и за него причините за поразот лежат во исцрпеноста на играчите од дербито со Милан, но и тоа што замените не успеале да ја дадат потребната енергија.
- Во второто полувреме, одговоривме и бевме ефикасни во нападот во длабочина. Имавме план за игра, но не функционираше. Реагиравме со лутина и квалитет, според мене, но не бевме во можност да го одбраниме резултатот до крајот. Овој пораз може да боли; втор е по ред. Не добивме ништо, но сме свесни за сè. Треба да бидеме поагресивни и да ги разбереме моментите од играта, - истакна Киву и дополни:
- Се обидовме да ја пополниме разликата во квалитетот што го имаше Атлетико. Во второто полувреме, нови играчи дојдоа, но и покрај тоа, се обидовме да добиеме повеќе. Новите играчи можеа да направат малку повеќе со топката, да додадат нешто повеќе. Ќе анализираме сè. Дербито ни ја исцрпи енергијата. Не можам да им замерам за ништо, - заклучи Романецот.







