Членот на шпанска Валенсија, Омари Мур е ново име во македонската репрезентација, играч кој треба да ни донесе квалитет на бековската позиција.
Тој доби македонски пасош и вечерва треба да го има своето деби на пресметката со Азербејџан во претквалификациите за Европското првенство кое во 2029 година ќе се одржи во четири земји Естонија, Словенија, Шпанија и Грција.
- Целиот тим ме пречека одлично, а на тренинзите се запознав со играта која ја бара тренерот и едвај чекам да заиграм на натпреварот со Азербејџан. Се чувствувам одлично, возбуден сум за новиот предизвик, вели Мур и додава:
- Ме очекува деби во дресот на Македонија… Првите натпревари се секогаш непредвидливи затоа што за тебе ова е нешто ново, но и доста интересни. Се надевам на добар натпревар. Игра по планот и добар меч за навивачите кои ќе дојдат да ни дадат голема поддршка. Среќен сум што станав Македонец и ги повикувам сите да дојдат во сала на натпреварот кој ни следи, порача Омари.
Средбата во СРЦ Кале е закажана за 19 часот, а влезот е слободен.







