Кафу важи за еден од најдобрите десни бекови во историјата на бразилскиот фудбал, ас кој најголемиот дел од играчката кариера ја мина на Апенините каде со години настапуваше во Италија.
Прво беше дел од Рома во периодот од 1997 до 2023, а потоа го носеше дресот на Милан од 2003 до 2008, две приказни кои му донесоа пехари во шампионатот, Супер Купот, плус со „росонерите“ стана и европски шампион.
Тој и денеска со внимание ги следи случувањата во Калчото и не е изненаден што „волчицата“ по 12. кола е на лидерската позиција.
- Не, бидејќи неверојатните работи секогаш можат да станат веројатни во фудбалот. Предвидувањата постојат за да се докаже дека се погрешни. Рома често е потценета, а ако ги погледнете бројките, особено во 2025 година, можете да ја видите силата и континуитетот на овој тим. Исто така е вистина дека Серија А е долга сезона и има многу грешки, но тоа важи за сите, - вели Бразилецот кој запрашан за трката за пехарот тој верува дека овојпат повеќе екипи ќе бидат во игра до самиот крај.
- Не знам, тешко е да се каже сега. Дефинитивно ќе биде голема битка и не мислам дека овој пат ќе биде трка меѓу две екипи. Борбата за Скудетото ќе оди до крај и ќе вклучува неколку тима. Дефинитивно би бил среќен ако Рома ја освои, особено за навивачите, тие ја заслужуваат. Со право е нивна. Сè уште имам морници кога ќе ја слушнам химната како се пее, - открива Кафу.







