[ВИДЕО] Шилажит – природен додаток за поголема енергија и издржливост: Совети од нутриционистот Сашко Дрвошански

Точка

27/11/2025

10:38

780

Големина на фонт

а а а

Последниве години многу се зборува за Шилажит! Минерално-органска смола, која што се формира со распаѓање на растителен материјал во текот на илјадници години, под притисок и температури во високопланинските региони на Хималаите, Кавказ, Алтаи и други планини.

А се зборува поради нејзиниот бенефит за поголема енергија и издржливост во денот, за намалување на холестеролот, подобрување на коскената густина, зајакнување н аимунитет и многу повеќе. Некои го нарекуваат и црното злато од Химaлаите, природен еликсир со голема моќ... бројни истражувања тоа го потврдуваат, но истовремено експетите истакнуваат дека е важно да внимаваме на избор на квалитетен и сертифициран производ.

„На пазарот има многу форми на Шилажит во форма на смола, прав, капсули, а меѓу има голема разлика во квалитетот,“ вели нутриционистот Дрвошански. „Секогаш советувам клиентите да избираат производ со лабораториски потврден состав, бидејќи се работи за природна суровина чиј квалитет може да варира.“


Нутритивната вредност на Шилажитот е во неговиот состав, истакнуваат експертите. Според нив Шилажит не е лек, туку додаток кој треба да е дел од балансирана дневна исхрана. Богат е со минерали, фулвинска и хуминска киселина, како и различни биолошки активни соединенијa.

Фулвинската киселина и минералите даваат поголема енергија и издржливост, а имаат и антиоксидативни својства, што помага во намалување на воспаленијата.

Според Дрвошански, Шилажит треба да користат луѓе со активен животен стил, лица кои имаат напорни работни денови и кои бараат природна поддршка за да издржат во текот на денот. Препорачлив е и за спортисти. „Секогаш препорачувам да се започне со минимална препорачана доза и да се следи како телото реагира. И, секако, консултација со стручно лице е потребно – особено кај луѓе кои имаат хронични состојби или земаат терапија.“

На Шилажит не треба да се гледа како на волшебен прашок, вели Дрвошански, а најголем ефект дава кога е дел од поширока и балансирана исхрана. Истовремено го подобрува и сонот, и е силна поддршка при различни психофизички активности.