Лејсон Зеќири ќе биде дел од македонската репрезентација во дуелите со Азербејџан и Ирска во претквалификациите за Европското првенство.
Зеќири верува дека оваа група има доволно квалитетн, знаење да дојде до посакуваните резултати, а тоа се две победи во Скопје и Даблин.
–Очекувањата за мечевите со Азербејџан и Ирска се да победиме. Ние сме фаворити, го имаме и домашниот терен на првата средба, но мора да бидеме и доста внимателни, затоа што мало опуштање може да ги однесе натпреварите во поинаков тек.
–Со враќањето на искусните играчи, како Војдан Стојановски, и ние можеме да напредуваме и да учиме од нив. Да собираме искуство како да одиграме меч, како да завршиме или привршиме меч. Верувам дека, ако сите ги исполниме задачите на селекторот, можеме до првото место, –порача Зеќири.
Првиот меч против Азербејџан го играме вечерва од 19 часот во СРЦ Кале.





