[ВИДЕО] Помладиот син на премиерот Мицкоски е меѓу затруените со храна во ОУ „Димо Хаџидимов“ во Влае

Нетпрес

26/11/2025

17:38

695

Големина на фонт

а а а

Помалиот син на македонскиот премиер Христијан Мицкоски е еден од затруените ученици од основното училиште „Димо Хаџидимов“ во скопската населба Влае во општината Карпош, дознава НетПрес.

„Точно е дека и детето на премиерот е меѓу затруените со храна што ја конзумирале учениците во ОУ „Димо Хаџидимов“. И тоа беше беше меѓу хоспитализираните деца, но сега е пуштено на домашно лекување. Им посакуваме на сите деца од училиштето кои добија труење од храна што поскоро да оздрават, да им помине и да се вратат назад на училиште“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК Марија Митева, портпаролката на Владата.

Инаку, како што веќе објавивме претходно денеска, голем број основци од „Димо Хаџидимов“ пријавиле симптоми на труење, а дел од нив завршиле и во болница, односно биле хоспитализирани. Школото ги ослободило од настава сите класови од прв до петто одделение. Исто така, голем број деца и од класовите од шесто до деветто одделение биле ослободени од настава.

Првичните сомнежи се дека извор на проблемот е или водата за пиење или мензата, каде децата се хранат. Поради тоа екипи на скопски Водовод зеле примероци од водата и ја испитуваат во своите лаборатории. Агенцијата за храна и ветерина, пак, врши истражни дејствија за да утврди дали проблемот е поврзан со храната во мензата.

Сепак преовладува мислењето дека труењето е од водата за пиење. Родителите на децата претпоставуваат дека поради градежни активности за реновирање на спортската сала во училиштето, оштетен бил системот за довод на вода и тоа довело до загадување на водата.