За скоро 200 милиони евра се зголеми “трансферот“ од Буџетот во 2026 та за државниот Фонд за пензиско осигурување достигнувајќи историски износ од над 1 милијарда евра.
Сумата за редовна исплата на пензии следната година се зголеми – поради пораст на пензиите и на бројот на пензионери. Буџетските трансфери до Фондот за здравствено осигурување остануваат на иста позиција како што се годинава. “Порталб“ ги анализира “финансиите“ на двата државни фондови.
Буџетски расходи на државните ПИОМ и ФЗОМ
Вкупно 1 138 000 000 евра од државната каса во следната 2026 та година ќе бидат префрлени на сметка на двата државни фондови – ПИОМ и ФЗОМ. Сумата на трансферот до Фондот за пензиско осигурување достигна историски пик, надминувајќи 1 милијарда евра додека Фондот за здравствено осигурување ќе добие 118 100 000 евра.

Следната година вкупниот буџет на вториот по големина државен фонд – ФЗОМ ќе изнесува 887 750 000 милиони евра и во однос на годинашниот е зголемен за 21 500 000 евра.
Пресметката што ја направи “Порталб“ покажува дека во однос на годинава трансферот од Централниот Буџет до ПИОМ е зголемен за нови 200 000 000 ( 193,5 милиони ера повеќе). Зголемените трансфери од Централниот Буџет го зголемија и буџетот на самиот ПИОМ. Следната година за исплата на “социјалните бенефиции“ државниот ПИОМ ќе потроши 2 440 000 000 евра и оваа сума во однос на годинава е зголемена за 226 500 000 милион евра а најголем дел или 1 900 000 000 евра практично е за исплата на пензии.

Следната година “линеарка“ или раст на пензии според методологија?
Следната 2026 та пензионерите ќе имаат нов пораст на пензијата – според најавите од Буџетот пресметката ќе биде врз основа на законското усогласување со инфлацијата и растот на просечната плата, но според најавите од Министерството за финансии, во април пензионерите ќе добијат по 1000 денари, што упатува на “линеарно “ зголемување.
“За исплата на пензии планирани се 116,8 милијарди денари, со вклучен ефект од реализираниот пораст на пензии од 2025 година и дополнителен пораст на пензијата за 2026 година, согласно постоечкото законско решение“ – се наведува во Буџетот 2026 та.
Еве што неодамна изјави министерката за финансии:
“Илјада денари добија сега пензионерите, согласно пресметките исто толку ќе биде и во март следната година и во септември исто така имајќи предвид дека просечната плата природно ќе расте. Поради недостигот на работна сила и целиот природен процес што се случува во економијата очекуваме дека ќе има раст на пензиите и понатаму, но ќе биде согласно законот, изјави Димитриеска-Кочоска.
Во меѓувреме Уставен суд најави дека е можно да се оценува уставноста на најавената “линеарка“ од 1000 денари во март и онаа од септември годинава.
“Уставниот суд во оваа фаза од постапката изразил сомнеж дека оспорениот член 2 се нарушени уставните принципи за социјална праведност, еднаквост на граѓаните како и правната сигурност и легитимните очекувања како правни принципи – соопштија од Уставен суд.
Во пресрет на новата 2026 та, во која засега е неизвесно дали пензиите ќе се зголемуваат процентуално или линеарно, економистите посочуваат дека линеарното зголемување на пензиите е фактор кој влијае врз подгревање на инфлацијата во услови на раст на БДП понизок од 4% но веќе се одразува и врз финансиската кондиција на ПИОМ.
“Растат тековните трошења, барем делумно (9% во 2024), за да може да се финансира отплата на заостанати обврски, зголемување на платите во јавниот сектор, зголемувањето на пензиите и зголемените трансфери кон фондовите и општините. Ваквата шема на буџетско планирање и прекројување во текот на годината да се напушти“ – оценија од “Фајнас – тинк“.
Во 2026 та , според новите буџетски проекции, сумата за исплата на пензии ќе се зголеми за 10,7%, повисоки ќе бидат и трансферите до ПИОМ кои во вкупните приходи на државниот фонд ќе имаат удел од скоро 41%. Евентуалното оспорување на линерниот модел на пораст на пензиите нема да има само финансиска тежина туку и социјална, која ќе се однесува на довербата кон пензискиот систем под чиј чадор е една од најчувствителните категории на граѓани – пензионерите.















