Двајца британски експерти предупредуваат дека оружјето способно да напаѓа, менува или да ја саботира човековата свест, помнењето, перцепцијата или однесувањето повеќе не е научна фантастика туку застрашувачка реалност која забрзано станува изводлива.
Мајкл Кроули и Малколм Дандо од Универзитетот Бредфорд, наскоро објавуваат книга која сметаат дека ќе биде аларм за целиот свет.
Неделава тие патуваат во Хаг на клучен меѓународен состанок, тврдејќи дека човековиот мозок станал ново воено поле и дека итно е потребна глобална регулација за да се спречи милитаризација на современите невротехнологии.
„Звучи како научна фантастика, но опасност е многу брзо да стане научен факт“, порачал Кроули за „The Guardian“.
Нивната книга која ја издава „Royal Society of Chemistry“ открива како невронауката, фармацијата и вештачката интелигенција се спојуваат и создаваат закана каква човештвото никогаш не видело.
„Влегуваме во ера во која мозокот би можел да стане вистинско воено поле“, вели Кроули.
„Алатите за манипулација со нервниот систем – за заспивање, збунување или дури и принудување на луѓето стануваат сѐ попрецизни, подостапни и попримамливи за државите“.
Таен проект на големите сили
Книгата го следи деценискиот развој на супстанциите и технологиите кои директно влијаат на мозокот. Во текот на Студената војна, но и подоцна, САД, СССР и Кина активно се обидувале да развијат оружје кое ќе влијае на свеста и однесувањето – предизвикувајќи:
- губење на свеста;
- седација;
- халуцинации;
- дезориентација;
- парализа;
- целосен прекин на контрола на волјата.
Единствен пат кога такво оружје било масовно употребено било во 2002 година во Москва, во театарот „Дубровка“ кога руските сили употребиле гас на база на фентанил за да ги совладаат чеченските терористи. Тогаш повеќе од 120 заложници починале – не од терористи туку од хемиско оружје кое било користено. Од тогаш развојот многу напредувал.
Научниците велат дека денес постои можност за градење софистицирано, цијано насочено оружје кое може селективно да влијае на свеста и однесувањето, нешто што претходно било незамисливо.
Мрачната страна на науката
Дандо предупредува дека технологијата која помага во лекување на невролошките болести може да биде користена за:
- Нарушување на концентрацијата;
- Предизвици за покорност;
- Влијание на одлуките;
- Да создаде „несвесни агенти“ кои извршуваат наредби без отпор.
Сето тоа, како што вели тој, станува можно затоа што меѓународните договори имаат опасни дупки кои државите можат да ги злоупотребат. Во новата книга предложуваат формирање глобални рамки на контрола, надзор и обука, пред да биде доцна.

Ударно предупредување за човештвото
Двајцата научници порачуваат дека напредокот на невронауката може да донесе огромно добро, но само под услов да се спречи негова злоупотреба.
„Ова е аларм“, порачува Кроули.
„Мораме да делуваме сега. Станува збор за интегритетот на науката и светилиштето на човековиот ум“.














