[ВИДЕО] Случај кој ги шокираше Италијанците: Маж со години се преправал во неговата мртва мајка и ја подигнувал нејзината пензија

Точка

25/11/2025

22:10

624

Големина на фонт

а а а

Неверојатен случај е откриен во Мантова, каде еден маж со години се преправал во својата почината мајка за да ја подигнува нејзината пензија, додека нејзиното мумифицирано тело го чувал во куќата.

Измамата била разоткриена кога се обидел да ја обнови нејзината лична карта, пишува италијанскиот „Corriere della Sera“.

Кратка коса во женски стил, малку шминка, кошула со дезен од седумдесеттите, бисерен ѓердан и старински обетки – така изгледала фотографијата што мажот, кој сега е под истрага, ја предал во матичната служба на општината Борго Вирџилио. На прв поглед, изгледало како фотографија на обична постара госпоѓа. Сепак, службеничката забележала дека пудрата прикрива машка кожа и дека лицето на фотографијата не изгледа како да има 85 години. Тие детали биле доволни за да предизвикаат сомнеж.


Истрагата ја потврдила измамата

Службеничката веднаш ги известила своите претпоставени, кои потоа го контактирале градоначалникот и локалната полиција. Била отпочната внатрешна истрага во која новата фотографија била споредена со онаа од личната карта што истекла пред десет години. Иако сличноста била очигледна, станало јасно дека не може да биде истата личност. Наскоро било утврдено дека станува збор за нејзиниот син, невработен медицински техничар, кој се преправал во својата мајка.

Причината за оваа бизарна измама била финансиска. Неговата мајка починала пред повеќе години, но нејзиниот син продолжил да ја прима нејзината значителна пензија. Секоја година поднесувал и даночна пријава на нејзино име, пријавувајќи приходи од 53 илјади евра, составени од семејната пензија и кирија од недвижности.


Морничаво откритие во куќата

Приказната добила застрашувачки епилог. Службеничката го повикала мажот да се врати во канцеларијата за да ја доврши постапката, каде што го чекале полицајци. Соочен со доказите, тој ја признал измамата. Кога полицајците го прашале дали можат да извршат увид во неговиот дом, тој само воздивнал и им рекол: „Повелете“.

Сцената што ја затекнале била шокантна – во една од собите се наоѓало мумифицираното тело на неговата мајка.