[ВИДЕО] Двајца Романци ги шокираа сите: Задоцниле на лет, па трчале по пистата за да го застанат авионот

Точка

24/11/2025

20:22

1.095

Големина на фонт

а а а

На аеродромот во Келн се случила сцена која ги шокирала и вработените и патниците, а многумина подоцна на социјалните мрежи коментирале дека „вакво нешто се гледа само на филм“.

Двајца државјани на Романија, видно вознемирени и во брзање, одлучиле да преземат чекор што довел до нарушување на безбедносните процедури и реакција на полицијата, пренесува „Digi24“.

Сè, наводно, започнало откако сфатиле дека го пропуштиле качувањето на летот за Букурешт, а очајничките обиди да „ја спасат ситуацијата“ брзо се претвориле во инцидент што блокирал дел од аеродромот.

Според германските медиуми, двајцата биле решени да стигнат до авионот, па прибегнале кон несекојдневен потег.

Медиумите пренесуваат дека тие го скршиле стаклото на копчето за итни случаи, излегле на пистата и се упатиле кон авионот.

Полицијата отпочна постапка

Се тврди дека авионот веќе го стартувал моторот кога тие се обиделе да му пристапат, мавтајќи со рацете и повикувајќи го пилотот.

Нивната „акција“ била запрена од страна на вработените.

Полицијата соопшти дека против двајцата Романци е отпочната постапка поради нарушување на приватна сопственост, а се разгледува и прекршок според Законот за безбедност во воздушниот сообраќај.