Со објавените фотографии од Планица се наведува дека станува збор за огромна штета, бидејќи секоја нерамнина на ваков терен претставува сериозна опасност за скокачите.
Непознат возач на теренско возило направил огромна штета во Нордискиот центар Планица откако, возејќи и „дрифтувајќи“ по снежните патеки на детските и младинските скокалници, го оштетил тревниот тепих и долната конструкција на скокалниците.
Инцидентот се случил во саботата попладне, помеѓу 16 и 17 часот, а безбедносните камери го снимиле автомобилот со странски регистарски таблички. Случајот го истражува полицијата од Крањ, која сè уште трага по сторителот.
Од Нордискиот центар Планица порачуваат дека секоја година се соочуваат со ист проблем – несовесни возачи кои со своите теренци влегуваат на скијачките и скокачките површини.
Тие наведуваат дека возачот влетал на просторот и го оштетил тревниот тепих под снегот, кој по структура е сличен на фудбалски терен. Станува збор за исклучително чувствителна подлога, која поради топлото време сè уште не е замрзната – па штетата дополнително се зголемила.
Vsako leto znova se soočamo z enako žalostno zgodbo.😡
Danes je neznani voznik z vožnjo in “driftanjem” po iztekih...
Posted by Nordijski center Planica on Saturday 22 November 2025
Со објавените фотографии се истакнува дека штетата е огромна, бидејќи секоја нерамнина на таков терен може да биде опасна за скокачите. Теписите и долните конструкции биле целосно обновени пред само две години, по Светското првенство во Планица.
Од Нордискиот центар потврдија дека возачот бил пијан и дека станува збор за возило регистрирано во една од државите од поранешна Југославија.
Полицијата веднаш била известена, извршен е увид и интензивно се собираат информации за сите околности на случувањето, пренесува „24ur“.
Во Планица се надеваат дека дел од штетата привремено ќе ја прикрие нов слој снег во текот на зимата, но вистинската процена ќе може да се направи дури напролет, кога ќе се стопи снегот.
Од центарот порачуваат дека ваквите инциденти, за жал, се сè почести и дека секоја сезона се соочуваат со два до три случаи на дивеење со возила по патеките. Овојпат биле уништени дури и патеките на најмалите скокалници.











