Ограбена златарница во БиХ: Еден крадец пронајден мртов, бил фрлен од автомобил

Макфакс

19/11/2025

11:17

195

Големина на фонт

а а а

Вистинска драма се одвиваше утрово во центарот на Калесија, во близина на Тузла, каде што беше ограбена златарница. Еден од разбојниците беше пронајден мртов, а според неофицијални информации, неговото тело било фрлено од автомобилот од другите крадци додека бегале, како што потврди Кликс.ба.

Кратко потоа, полицијата го пронашла и запалениот автомобил користен во грабежот.

Сè започнало утрово околу 7:35 часот, кога во Оперативниот центар на Полициската управа на МУП на Тузланскиот кантон е пријавен грабеж со употреба на огнено оружје, пишува Кликс.

„На местото на настанот се испратени сите расположиви патроли на Полициската станица Калесија, Полициската станица Калесија ОКП, тимовите за брза интервенција на Специјалната полициска единица за поддршка, а полициските патроли на Полициската станица Сапна, Полициската станица Живинице и полицајци од Полициската станица Зворник се на терен (во поширокото подрачје), со оглед на тоа што сторителите се оддалечиле од местото на настанот“, соопшти Министерството за внатрешни на кантонот Тузла.

Во потрагата по разбојниците се вклучени и членови на Граничната полиција на БиХ и Министерството за внатрешни на Република Српска, со што е започната една од најобемните полициски операции во областа.

Целиот инцидент се случил во исклучително прометен дел од Калесија, во непосредна близина на основно и средно училиште, како и бројни ресторани и продавници. Пукањето предизвикало голема вознемиреност кај граѓаните, особено кај родителите и учениците кои во тој момент се упатувале кон училиштето.

Полицијата целосно го блокирала поширокото подрачје на центарот на градот, а истрагата е во тек. Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла соопшти дека засега, додека не заврши истрагата, не можат да потврдат дали имало пукање врз полицајци.