Цела населба во Мостар евакуирана поради бомба од Втората светска војна од 227 килограми

Макфакс

19/11/2025

10:20

134

Големина на фонт

а а а

Воздушна бомба од Втората светска војна со тежина од приближно 227 килограми беше успешно отстранета рано утрово во Мостар, БиХ, откако беше откриена вчера за време на градежните работи на нов станбен комплекс.

Бомбата AN-M64, произведена во Америка, беше отстранета од членови на тимот за деминирање на Федералната администрација за цивилна заштита, со поддршка на полицијата на Херцегованско-неретванскиот округ и противпожарната служба на градот Мостар.

Вадењето и отстранувањето на бомбата беше извршено под строги безбедносни мерки. Целата населба беше евакуирана утрово, а пристапот до областа каде што беше пронајдена бомбата беше забранет во радиус од 300 метри.

Оваа воздушна бомба е пронајдена и отстранета од област во поранешен рударски комплекс. Тоа е една од најчестите американски бомби што ги користеле сојузничките авиони за време на Втората светска војна за таргетирање инфраструктура, индустриски објекти и воени цели.

Мостар беше честа цел на сојузничките напади кон крајот на Втората светска војна, особено поради неговиот рударско-индустриски комплекс и аеродром. Во 2021 година, во населбата Родоч беше пронајдена бомба тешка околу 230 килограми, додека во последната деценија во близина на аеродромот беа откриени повеќе од 20 бомби од различен калибар