[ВИДЕО] Албанската полиција уапси 36-годишен македонски државјанин кој бил баран поради фалсификување пари

Макфакс

18/11/2025

17:59

217

Големина на фонт

а а а

Албанската полиција соопшти дека уапсила 36-годишен државјанин на Македонија, по кој била распишана меѓународна потерница за фалсификување пари, пренесува Еуроњуз.

Полицијата информира дека лицето Н.С. (36) било уапсено во Тирана во рамки на акцијата со кодно име „Операција 73“, со цел негова екстрадиција во Северна Македонија.

Според извештаите, 36-годишниот бил баран и од ДВП Драч за кривично дело „кражба“.

Во соопштението се наведува дека тој бил прогласен за меѓународно баран откако Основниот суд во Куманово го осудил на 2 години затвор за кривично дело „фалсификување валута“.

Постапките за екстрадиција ќе ги спроведат Интерпол Тирана и надлежните власти во Македонија.