[ВИДЕО] Тројца убиени во нов американски воен напад врз брод за шверц на дрога

Макфакс

17/11/2025

06:55

554

Големина на фонт

а а а

САД извршија уште еден напад врз брод за кој се тврди дека шверцува дрога во источниот Пацифик, при што загинаа три лица на бродот, соопшти Пентагон.

„Разузнавањето потврди дека бродот бил вклучен во нелегална трговија со дрога, транзитирајќи по позната рута за шверц со дрога и транспортирајќи наркотици“, соопшти Јужната команда на САД во објава на социјалните мрежи.

 21 напад од почетокот на септември, над 80 убиени лица

Во соопштението се наведува дека бродот бил во меѓународни води кога бил погоден од Заедничката работна група „Јужно копје“, пренесува Ројтерс.

Ова е 21-ви напад на американската војска врз бродови за шверц на дрога од почетокот на септември. Според Пентагон, во нападите биле убиени повеќе од 80 лица.

Неколку претставници во американскиот Конгрес и групи за човекови права покренаа прашања за легалноста на нападите. Администрацијата на Трамп изјави дека има законско овластување да ги изврши нападите.